Регистрација на гласачи

Пријавување за гласање на лица на кои им е одредена мерка за изолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат поради КОВИД-19 и болни и изнемоштени лица .

Гласачи - Covid19 »

Гласачи - болни и изнемоштени »

Статистика »

Лица за кои се однесува

Оваа регистрација се однесува за лицата кои се во домашна изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или контакт со позитивно лица, односно лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат и лица кои спаѓаат во групата на болни и изнемоштени лица.

Потребни документи

При регистрација покрај копија од личната карта, задолжително се доставува и копија од решението за изолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат, или лекарски наод за дијагнозата на болното/изнемоштеното лице.

Начин на аплицирање

Со цел за полесно прикачување на бараните документи, преопрачуваме веб апликацијата да ја користите од Вашиот мобилен уред со кој при пополнувањето на податоците на едноставен начин може да ги прикачете копиите на бараните документи со сликање на истите.